Доколку Османи е искрен во преговорите со Бугарија, нема зошто да не ја поддржи Резолуцијата

Резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ доаѓа поради блокадата од страна на Бугарија на европскиот пат на Македонија и лошото водење на преговорите од страна на СДСМ и ДУИ, за кои протекуваа информации дека задираат во националните темели, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Резолуцијата е потребна за сигурност на граѓаните, затоа што на владата која ја интересира само криминал и личен интерес не може да и се верува.

После таков дебакл со европскиот пат на Македонија, Владата чиј министер е Османи треба да си даде колективна оставка.

Што се однесува за резолуцијата е одраз на ставот на целата јавност, МАНУ, УКИМ, МПЦ ОА, и други релевантни чинители.

Доколку Бујар Османи е искрен во своето политичко делување на поле преговори со Бугарија, тој не треба да има никаков проблем со Резолуцијата, бидејќи таа е потсетник за владата преку што не смее да помине, подвлекуваат од партијата.