Доколку падне Меј, кој ќе биде идниот британски премиер

Пратениците на британската владејачка Конзервативна партија во средата вечер ќе гласаат за доверба на премиерката Тереза Меј, откако процесот со кој Обединетото Кралство треба да истапи од членството во Европската унија се претвори во хаос.

За покренување на процесот на отповикување на премиерката Тереза Меј беа потребно да се соберат потписите на 15 отсто од пратениците на конзервативците во Долниот дом во парламентот, односно во конкретниот случај 48 од нив.

Гласањето ќе се спроведе вечерва меѓу 19 и 21 часот. На британската премиерка за останување на должноста и’ е потребно мнозинство пратеници плус еден глас, или 158 гласа. Во тој случај, нејзиниот авторитет на чело на партијата не смее да се става на ново гласање еден година. Доколку, пак, и’ биде изгласана недоверба, се покренува процесот за избор на нејзиниот наследник.

За неговото кандидирање е доволна поддршката од двајца пратеници. За кандидатите се репва со низа тајни гласање. Во секој круг испаѓа кандидатот со најмалку гласови и така додека не останат последните двајца. За нив се изјаснуваат сите членови на партијата, по предизборна кампања којашто може да потрае неколку седмици. Британските медиуми веќе шпекулираат со можните наследници на Тереза Меј.

 

Борис Џонсон

Педесет и четиригодишниот поранешен министер за надворешни работи беше најгласниот критичар на начинот на кој Тереза Меј го водеше брегзитот. Во јули, сметајќи го нејзиниот пристап за „премногу мек“, во знак на протест се повлече од владата.

Џонсон многу евроскептици го сметаа за најистакнатата личност на референдумската кампања за брегзитот во 2016 година. Теренот за својата кандидатура за водство на конззервативците ја подготви со бомбастичниот говор на партиската конвенција во октомври. Се залага за враќање на партијата на традиционалните вредности и за пониски даноци.

 

Џереми Хант

Овој 52-годишник го замени Џонсон на должноста шеф на британската дипломатија и ги повика ториевците да ги пренабрегнат партиските поделби ида се обединат протв „заедничкиот непријател“ – Европската унија. Претходно на референдумот, сепак, гласаше за останување во ЕУ. Шест години беше министер за здравство, што го направи непопуларен меѓу многу избирачи.

 

Џејкоб Рис-Мог

Овој 49-годишен темпераментен милијардер го негова имиџот на англиски џентлмен од минатиот век. Си создаде вистинско двиежње од следбеници кои сакаат порадикален брегзит.

Тој е лидерот на влијателната евроскептична група пратеници. Тој беше првиот кој го потпиша барањето за гласање недоверба за премиерката Тереза Меј. Го стори тоа истиот ден кога таа го претстави во парламентот својот нацрт-договор за брегзитот испреговаран со многу мака со Брисел.

 

Доминик Рааб

Четириесет и четиригодишниот Доминик Рааб беше главниот британски преговарач за брегзитот во владата на Тереза Меј. И тој поднес оставка поради договорот за ислегувањето од ЕУ, тврдејќи дека тој не одговата на ветувањата од предизборната кампања на конзервативците во 2017 година.

Пратеник е од 2010 година, но нема поголеми искуства во владата. Го заговараше излегувањето на Велика Британија од ЕУ пред референдумот од 13-ти јуни 2016 година. Сака да се фали со својо „црн појас“ во карате.

 

Саџид Џавид

Џавид, 48-годишен поранешен банкар и голем поборник на слободниот пазар, имаше неколку функции во владата и добро котира меѓу членовите на партијата, Припадник е на втората генерација на пакистански доселеници. Интерсно е што тој јна референдумот за осанување во ЕУ.

 

Мајкл Гоув

Покрај Борис Џонсон, 51-годишниот Мајкл Гоув беше едне од најважните поборници на брегзитот во референдумската кампања. Своето политичко влијание мораше да го гради одново, откако Тереза Меј го порази во трката за наследник на поранешниот конзервативен челник и премиер Дејвид Камерон, кој поденсе оставка ден по референдумот.

За него се зборува дека е работохоличар и е еден од најефикасните членови на владата во создавањето на новите политики. Актуелен е министер за заштита на природната околина и земјоделие.

 

Дејвид Дејвис

Овој 69-годишник е поранешен преговарач со Европската унија за британското истапување од членство. На оваа должност беше две години, но во јули оваа година поднесе оставка поради несогласување со пристапот на премиерката Меј по ова прашање.

Еден е од водечките евроскептици меѓу конзервативците и се споменува како можен привремен претседател на партијата до изборот на новиот челник.

 

Пени Мордонт

Пенелопе Мери Мордонт е 45-годишна министерка за меѓународен развој. Една е од ретките поборници на ткн тврд брегзит, која не му се придружи на неодамнешниот бран оставки на нејзините истомисленици во владата на Меј. Интересно е што потекнува од семејство коешто историски е поврзано со Лабуристичката партија.

 

Андреа Ледсом

Родена како Андреа Жаклин Салмом Ледсом е актуелната 55-годишна министерка за односи со паралментот, откако претходно беше заменик министер за енергетика и министер за животна средина и земјоделие. И таа беше поразена во битката со Тереза Меј во трката за наследник на Дејвид Камерон. И таа се залага за тврд брегзит.