Доколку Пучдемон не се изјасни до понеделник, Мадрид ќе воведе вонредни мерки

Два дена пред истекот на ултиматумот кој на претседателот на автономната покраина Каталонија, Карлес Пучдемон шпанскиот премиер Маријано Рахој барајќи одговор дали е прогласена независноста на регионот, шпанскиот министер за внатрешни работи Хуан Ингасио во саботата порача дека нејасното објаснување ќе биде сфатено како прогласување на отцепувањето, како и дека во тој случај владата во Мадрид се подготвува со сила да го спречи одвојувањето на покраината со 7,5 милиони жители.

„Доколку одговорот не биде јасен, ќе сметаме дека (каталонскиот претседател) прогласил независност, бидејќи тука нема простор за нејаснотии. Мора да каже Да или Не“, изјави шпанскиот министер за внатрешни работи Хуан Игнасио Зоидо гостувајќи во саботата на шпанската радио станица COPE.

„Доколку претседателот на каталонската влада Карлес Пучдемон одговор нејасно, тоа ќе значи дека не сака дијалог па шпанската влада на премиерот Маријано Рахој, којашто искрено пружи рака, ќе мора да воведе соодветни мерки“, порача министерот.

Шпанската влада во средата му наложи на каталонскиот претседател Пучдемон до понеделник во 10 часот да се изјасни дали еднострано прогласил независност по што централната влада во Мадрид ќе одлучи дали ќе посегне по вонредни мерки, односно активирање на членот 155 од шпанскиот устав, кој овозможува ставање на каталонската влада под контрола, односно преземање на овластувањата за покраината.

Таа мерка никогаш не е користена откако влезе во уставот на сила од 1978 година, кога Шпанија по завршувањето на режимот на хунтата на Франциско Франко. Овој член ѝ овозможува на шпанската влада употреба на сила и распуштање на каталонските институции и исто така овозможува распишување на предвремени парламентари избори во покраината на североистокот од земјата. Политичките коментатори оваа ситуација ја опишуваат како „пат во непознато“ којашто може да доведе до немири.

Во вторникот Пучдемон во обраќањето од каталонскиот парламент во Барселона, кој на момент ја парализираше цела Шпанија, рече дека го прифаќа мандатот за прогласување независност, но веднаш потоа побара од пратениците нејзино суспендирање за да се отвори простор на преговорите и смирување на напнатоста. Тоа, пак, доведе до разидување кај поборниците на независноста.

Антикапиталистичката партија CUP, клучна за опстанокот на сегашната влада на Каталонија, побара во петокот од Пучдемон прогласување на република. Вицепремиерот на каталонската влада и лидер на партијата Републиканска левица на Каталонија, кој ја е дел исто така од владејачката коалиција, повика на единство за да се продолжи процесот кон независноста.

Левицата и десниот центар се обединети во желбата за создавање самостојна држава и заедно имаат мнозинство во каталонскиот парламент, што им овозможи усвојување на законот за референдум и негово распишување.

„Тоа единство беше нашата сила и тоа ора повторни да биде. Имаме јасна и апсолутна обврска да ја исполниме обврската од 1-ви октомври“, изјави Ориол Жункверас.

На 1-ви октомври, и покрај забраната од шпанскиот уставен суд и полициската акција која затвори половина од избирачките места и одземаше избирачки материјал, одржано е изјаснувањето на Каталонците на коешто учествуваа 2,3 милиони жители од вкупно 5,3 милиони лица со право на глас. Од тие 43 отсто излезени гласачи, 90 отсто се изјасниле за прогласување самостојна република, додека поддржувачите на останувањето во Шпанија главно не излегоа на гласањето.

На пример, станува збор за идентичен одѕив на референдумот со кој Хрватска влезе во Европската унија кога во 2012 година 435 отсто од вкупно запишаните гласачи излегоа на избирачките места. Од нив 66,27 отсто се изјаснија за влегување во ЕУ што беше остварено една година подоцна.

Шпанската влада инсистира на тоа дека референдумот во Каталонија не бил законски, односно е спротивен на уставен суд според кој ваквите референдуми се дозволени единствено на нови на цела Шпанија. Со тоа се штити територијалната целост на земјата којашто по 1978 година е поделена на 17 автономни покраини, од кои покрај Каталонија сепаратистички тенденции има и Баскија и Галиција, и два града енклави Сеута и Мелила на северот од Африка.

Каталонија пред четири децении доби автономна полиција којашто пред две седмици одби да го исполни судскиот налог и да го спречи населението да гласа, доби сопствени училишта, јавни служби и можност за користење на засебниот каталонски јазик.

Во 2006 година Народната партија, од десниот центар, на сегашниот премиер Маријано Рахој ја бутна на суд одлуката на тогашниот парламент кој на Каталонија ѝ даде статус на „нација“ и со тоа поголема автономија. Последните денови ширум Шпанија и во самата Каталонија беа организирани контрасобири на поборниците на единството на Шпанија како и на оние кои се залагаат за независноста на Каталонија. Во вторникот во Валенсија, покраината којашто граничи со Каталонија, дојде до физичка пресметка меѓу двете фракции.

Шпанија сега се наоѓа во најголемата политичка криза по 1981 година и неуспешниот обид за државен преврат. Владата од Мадрид порача минатата седмица дека пролонгирањето на актуелната ситуација може да го забави економскиот раст и закрепнувањето на Шпанија од долгогодишната економска криза.

Претседателот на Европската комисија, извршното тело на ЕУ, Жан-Клод Јункер, изјави дека не ја посакува Каталонија како самостојна држава, бидејќи исти барања ќе дојдат и од другите делови на Европската унија, во прв ред во Франција и Италија. Каталонската влада, пак, се надева на поддршка од меѓународната заедница, особено по полициско насилството при спечувањето на гласањето, и бара посредување на меѓународни преговарачи што Мадрид го одбива.

Изјавата на Јункер му даде дополнителен елан на Рахиј кого во Брисел го сметаат за голем поборник на проектот за Европската унија во кој Шпанија би требала да има посилна улога кога од неа ќе истапи Велика Британија.