Доктор Чадиковски се огласи по информациите дека тој ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје

Доктор Владимир Чадиковски, специјалистот по детска хирургија, демантира дека e еден од можните кандидати за градоначалник на Град Скопје.

Тој ги демантира таквите информации кои беа објавени од ТВ21.

„Толку го сакам својот град што не би сакал да го води човек како мене, кој е стручен за друго. Мојот живот е медицината и моја професионална мисија е да помагам на што повеќе болни деца. И ништо надвор од тоа. Политичкиот ангажмани никогаш не биле домен на мој интерес.“, стои во објавата на д-р Владимир Чадиковски.