Членот на Македонската академија на науките и уметностите доктор Сашко Кедев повторно се искачи на врвот на светот. Во информацијата за освојувањето на Анапурна проф. Кедев е запишан како Македонија.
Професорот и врвен светски кардиолог утрово се искачи на еден од десетте највисоки врвови на Хималаите и светот Анапурна.
Ова е прва експедицијата во 2023 година што го освојува врвот Анапурна.
Професорот Кедев е дел од експедиција со 4 други планинари и 7 шерпаси односно локални водичи.
,,Возбудени сме што можеме да ја споделиме веста дека 5 клиенти и 7 шерпи од Imagine Nepal стигнаа до врвот на планината Анапурна во 11:15 часот на 15 април 2023 година. Ова е првото освојување на врв во сезоната на планината над 8000 метри.
Честитки за тимот и враќање на безбедноста!”, пишува во официјалната информација за експедицијата.
Покрај седумте шерпаси во мисијата покрај Кедев се уште 4 планинари:
Ванг Жонг-Кина
Наоки Ишикава-Јапонија
Сашко Кедев-Македонија
Марија Александра Данила-Романија
Надја Лиза Косо-Англија
Анапурна е низа од планински врвови во Непал на венецот Хималаи, од кои највисокиот, Анапурна I, претставува еден од четиринаесетте планински врвови повисоки од 8000 метри, и со висина од 8091 метар е десеттата највисока планина на светот. Сместена е источно од големиот кањон на реката Кали Гандаки, кој го дели од масивот Даулагири.
Предходно професорот Кедев се искачи на сите највисоки врвови на сите светски континенти а во повеќе наврати се искачи на најтешките и највисоки врвови на Хималаите и со тоа на светот.