Денес во емисија „Отворено студио“ на телевизија 24 имаше вклучување д-р. Владимир Лазаревиќ при што посочи дека одредени членови на владата признаа дека имаат направено пропуст во комуникација со населението, имаат и пропусти во лоцирање на самите жаришта.
„Не велам дека немало стратегија, мислам дека има стратегија но нешто мора да се промени во таа стратегија, затоа што начинот на кој што се идентификуваат случаи, начинот на кој што се спроведуваа тестови очигледно дека има доведено до пропусти на лоцирање на конкретните жаришта на распостранување на вирусот. И тоа довело до втор пик. Пак ќе речам повторно тоа не е случај во ниту една од земјите во регионот, туку само кај нас“, истакна Лазаревиќ.
Лазаревиќ додаде дека одредени членови на владата признаа дека имаат направено пропуст во комуникација со населението.
„Ние додека правиме 1000 тестови има држави кои што прават неспоредливо голем број на тестови. Се тестираат многу поголема популација со цел вистински да се лоцираат. Мислам дека ние тука задоцнивме уште на почетокот да успееме да ги изолираме тие кластер“, појасни Лазаревиќ.
Лазаревиќ образложи дека пропустите направени од оваа влада треба критички да се разгледаат и да се елиминираат во овој втор бран од корона вирусот.