Економистот Нуриел Рубини, познат како доктор Пропаст, предупредува дека пазарите од растечките земји се соочуваат со нова криза.
Финансиската криза, кој од минатата пролет ги погоди растечките пазари, по најавите на Управата на федерални резерви на САД да се намалат монетарните поттикнувања, се врати уште посилна овој пат, оценува американскиот аналитичар, Нуриел Рубини во анализата за најновата криза на пазарите на економиите во подем.
Овој пат, како што наведува тој, кризата е предизвикана од повеќе фактори, меѓу кои се валутната криза во Аргентина, каде властите престанале да интервенираат на девизните пазари за да се спречи понатамошен пад на девизните резерви, потоа послабиот економски раст на Кина, како и продолжување на политичката криза и немирите во Турција, Украина и на Тајланд.
На неговата листа на проблематични земји, во кои што моментално е најголемо влијанието на кризата, се Индонезија, Индија, Бразил, Турција и Јужноафриканската Република.
Со големи проблеми, како што нагласи тој, се изложени пет важни земји, а тоа се Аргентина, Венецуела, Украина, Унгарија и Тајланд.