Тим од домашни стручњаци ќе ги обучуваат здравствените работници за ефективна комуникација со пациентите, особено како да соопштуваат лоши дијагнози и непријатни вести. Исто така, дел од обуката ќе биде и усвојување на стандарди при меѓусебна комуникација на медицинските лица.
Едукацијата ќе почне од среда, а со неа во првата фаза ќе бидта опфатени 1.000 здравствени работници од целата држава. Проектот предвидува постојана едукација на вработените во здравствениот сектор, со цел подобрување на комуникациските вештини и поквалитетна здравствена услуга за пациентите.
„Проектот што сега го започнуваме треба да предвиди постојана едукација на сите вработени во здравствениот сектор на различни нивоа. Целта е да се креира систем кој што се базра на концептот пациент-цетрична установа Концепт кој треба да овозможи промена на начинот на кој што се поставени работите во позитивен правец, односно средување на односите внатре во здравствениот систем“, вели Тодоров.
Министерот за здравсто, Никола Тодоров, презентирајќи го новиот проект, посочи дека високото ниво на хоспитална култура е од исклучително значење за здравствената реформација, но, исто така, заклучи дека трансформацијата на организациската култура е долготраен и комплексен процес, кој не може да се реши преку ноќ.
Проектот за хоспитална култура, треба да создаде пациент –центричн здравствен систем, современ концеп врз кој се базираат развиените здравства, при што пациентите се во центарот на вниманието.
„Комуникацијата меѓу докторите и пациентите е еден од сегментите. Таа не е сама по себе проблематична. Проблематичен е целиот начин на организација на системот. Пример, негативни примери од концептот „Мој термин“. Пациент има закажано во 12 часот. а доаѓа во седум часот. Чека три часа, се создава нервоза, метеж, а се’ уште не е дојден терминот за неговиот преглед. Исто така, од друга страна, пациентот има закажано во 9 часот, а докторот дошол во 9.30 или 10 часот. Исто така и тоа креира конфликт и не ево функција на високо ниво на организациска култура во една установа“, посочи Тодоров.
Според Тодоров, подобрувањето на комуникацијата и интеракцијата во еден здравствен систем, значи почитување на доктор-пациент, но и обратно.