
Возрасна лекарка, сопственик на приватна ординација во скопската населба Чаир, е пријавена во четвртокот за напад врз жена, нејзина пациентка, соопшти во петокот Министерството за внатрешна работа.
На 06.02.2020 во 14:00 час во СВР Скопје, 49-годишната Л.Ј.од Скопје пријавила дека околу 14:00 часот во здравствена установа во трговски центар на улицата „Цветан Димов“ во Скопје била физички нападната од 63-годишна Б.З. од Скопје, сопственичка на установата.
Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.