Докторот на американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, Шон Конли изјавил дека денеска претседателот ќе продолжи да ги извршува своите должности без никакви проблеми, откако се потврди дека е позитивен на Ковид-19.
Како што истакнал, Трамп и неговата сопруга Меланија се чувствуваат добро и планираат да останат дома, односно во Белата куќа до нивното опоравување, пренесува АП.
Се наведува дека Трамп по сознанието дека има коронавирус го откажал патувањето на Флорида.