Документи најдени во Лисичанск докажуваат присуство на странски платеници, тврдат сепаратистите

Документите коишто припадниците на руските и сепаратистичките сили ги заплениле во Лисичанск, последниот град во одметнатиот проруски регион Луганск кој до саботата беше под контрола на украинските војски, сведочат за присуство на странски платеници и воени инструктори во градот и тие материјали ќе бидат презентирани во Советот за безбедност при Обединетите нации, изјави за агенцијата ТАСС во неделата ткн амбасадор на сепаратистичкот регион во Москва, Родион Мирошник.

„Присуството на тие лица и документите пронајдени тука… дефинитивно ќе бидат доказ за трибуналот, докази за Советот за безбедност на ОН, доказ за сите можни меѓународни агенции. Кога веќе Западот се обидува да каже дека тоа не е нивен конфликт, дека не учествуваат во него“, изјавил Мирошник.

Претходно во саботата еден од сепаратистичките лидери во Луганск, Виталиј Киселев, изјави дека во Лисичанск биле испратени повеќе од 2.000 припадници на Територијалната одбрана на Вооружените сили на Украина коишто требало да ги заштитат и да им обезбедат извлекување на странските платеници.

„Многу луѓе зборуваа за присуството на странци овде, како инструктори или како странски наемници, и факт е дека биле… Тоа е престап. Тоа е директно учество на странски држави во конфликт во кој тие, според нив, не учествувале“, додал Мирошник.

Прецизирал дека странските инструктори го планирале утврдувањата на украинските војски во Северодоњецк и Лисичанск, а исто така на единиците им поставувале борбени задачи. Сега, рекол Мирошник, разузнавањето истражува точно какви функциите извршувале странците во украинската војска.

Според него, било пронајдено и големо количество западно вооружување и муниција, а за ракувањето со нив странските инструктори ги обучувале украинските борци, а платениците биле со тесни борбени специјалности и дошле во Украина како „на сафари, да убијат или да покажат како се прави тоа“.

„Нивното учество тука, за жал, е директно. Обвинувањата против Западот, поткрепени со овие податоци, кои сега се собираат на веќе ослободените територии“, додал Мирошник.

Претходно чеченскиот водач Рамзан Кадиров на својот Telegram канал објави видео-материјал на кои прикажува, како што тврди, разни документи на украинските сили, меѓу кои и италијански пасош/