Потписот на новиот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Зарко Милошевски, стои меѓу десетте потребни потписи од надлежните сектори со кои е одобрено државјанството на контроверзниот украински бизнисмен Олександр Онишченко.
Вчера, ниту претставник од АНБ, ниту тој не се појави на собраниската комисија, за да објасни зошто се потпишал и кој направил безбедносен пропуст со контраверзниот украински бизнисмен.
Собраниското тело еден месец беше во застој поради безбедносниот пропуст кога дел од отчетот на Димовски отиде во јавност и покрај затворената седница.
Димовски пред случајот Онишченко беше најавен за нов амбасадор во Франција. Премиерот Ковачевски вели дека процедурата за неговото заминување во Париз е завршена во Владата, и дека сега, по случајот Онишченко работата е во рацете на парламентот и претседателот Пендаровски.
Претседателот на Комсијата за надворешни работи Милошоски веќе изјави дека без да заврши Комисијата за одговорноста на Димовски тој нема да ја продлжи амбасадоркста постапката за веќе поранешниот директор на АНБ.