(Документи) Владата на Зоран Заев ја донесе и потпиша Одлуката за одлагање на отпад од повеќе општини во Кочани

До изградбата на претоварната станица која ќе биде лоцирана на територија на Општина Виница на која ќе депонираат сите четири општини од регионот, меѓу кои и Општина Кочани, бидејќи и нивната сегашна депонија ќе биде затворена целосно како онаа во Виница, општините Виница, Зрновци и Чешиново – Облешево својот собран комунален отпад мора да го депонираат во депонијата на Општина Кочани.

Тоа изминатиов период предизвика бура на реакции, но и протест од граѓани.

Минатиот месец тие го организираа протестот и блокадата на пристапот до депонијата, а вчера попладне повторно се сообраа на влезот од депонијата, во обид да ги спречат камионите на комуналните претпријатија од соседните општини таму да го исфрлат насобраниот отпад.

Сепак, со полициска асистенција, возилата со отпад влегоа на депонијата.

Одлуката за одлагање на отпад од повеќе општини во Кочани е донесена од Владата на СДСМ и потпишана од Зоран Заев.

Граѓаните треба да знаат дека оваа одлука не е донесена сега, туку во 2021.

Целосната одлука во продолжение: