Документот за благослов на истополовите бракови не важи во црквата на украинските унијати

Поглаватот на Украинскатакатоличка црква од источниот обред (унијатство) изјави во саботата дека документот кој претходно седмицава го одобри поглаварот на Римокаталичката црква, папата Франциск, со кој се дозволуваат благослови за браковите на истополоите двојки, не се однесува на неговата црква и на нејзиното учење.

Врховниот архиепископ Свјатослав Шевчук рече дека овој документ од Ватикан „го толкува пасторалното значење на благословот во Римокатоличката црква“, но не се однесува на прашањата што ја регулираат источната, односно Гркокатоличката црква.

„Затоа, оваа Декларација се однесува исклучиво на Римокатоличката црква и нема правна сила за верниците на Украинската гркокатоличка црква“, се вели во соопштението на Шевчук.

Додава дека благословот не може да се одвои од црковното учење и затоа „не може на кој и да е начин да противречи на учењето на Католичката црква за семејството како верен, нераскинлив и плоден сојуз на љубов меѓу маж и жена“.

Црквата на источниот обред богослужи според обреди слични на православната вера, но е во заедница со Рим врз основа на договор од XVI век. Според последните официјални податоци од пред десетина години, оваа црква сега има околу 3,6 милиони верници, околу 9 отсто од тогашното население на Украина.

Во документ од доктриналната канцеларија на Ватикан се наведува дека римокатоличките свештеници можат да им дадат благослов на истополовите двојки сѐ додека тие не се даваат како дел од редовните црковни ритуали или литургии. Таквиот благослов би бил знак дека Бог ги повикува сите кон себе, но и натаму не е светата тајна на хетеросексуалниот брак, се наведува и во документот.

Правата на хомосексуалците постигнуваат одреден напредок во Украина, се наведува во извештаите на нејзините западни сојузни за состојбата со човековите права во земјата. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја изрази својата подготвеност да ги поддржи правата на хомосексуалците, иако ја отфрли можноста за уставни промени кои ќе дозволат истополови бракови сѐ додека земјата е во војна. Секако стравувајќи од отпорот особено на православното населние за кое се прават напори да се приклони кон Православната црква на Украина (ПЦУ), создадена во 2018 година како против тежа на историската автономната Украинска православна црква (УПЦ) којашто е под историската јурисдикција на Московската патријаршија