На валутните пазари вредноста на американскиот долар во вторникот претпладнето благо порасна во однос на кошничката на валути.
Индексот на доларот кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 102,79 поени, додека во понедлеикот во истиот период од тргувањето изнесуваше 102,72 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 146,95 на 147,60 јени. Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0935 долари, додека вчера во истиот период изнесуваше 1,0945 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнето зајакна за 0,33 отсто, на 82,50 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,28 отсто, на 78,15 долари.