На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути во претпладневното тргување во четвртокот благо падна втор ден по ред.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 104,14 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 104,24 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 153,25 на 153,05 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0850 долари, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 1,0825 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,65 отсто, на 73,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,70 отсто, на 69,10 долари.