Доларот благо ослабе, нафтата поскапе

На валутните пазари вредноста на доларот во средата претпладнето благо падна во однос на кошничката валути.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 104,24 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 104,28 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 153,10 на 153,25 јени.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0825 долари, додека вчера во истиот дневен пресек изнесуваше 1,0815 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,60 отсто, на 71,55 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,73 отсто, на 67,70 долари.