Доларот благо ослабе по периодот на раст

На девизните пазари курсот на американскиот долар во претпладневното тргување во петокот благо ослабна во однос на најважните светски валути, откако го достигна највисокото ниво во последните шест седмици.

Индексот на доларот, кој ја мери изведбата на американската во однос на другте шест најважни светски валути, утрово ослабна за 0,14 отсто, на 103,26 поени, но на седмично ниво е на патот да оствари добивка веќе петта седмица со ред.

Во меѓувреме, јенот зајакна за 0,3 отсто во однос на доларот на 145,35 јени за долар, враќајќи малку сила откако го допре деветмесечниот минимум од 146,56 јени за долар претходно седмицава. Сепак, јапонската валута сѐ уште е над нивото од 145 јени, коешто го поттикна интервенцијата на јапонските монетарни власти есента минатата година.

Курсот на еврото, пак, стагнира околу најниското ниво во однос на доларот во последните пет седмици од 1,0876 долари и е на пат кон остварување седмична загуба од 0,6 отсто.