Доларот благо порасна, цените на нафтата паднаа

Вредноста на американскиот долар во однос на шесте валути благо порасна во раното претпладневно тргување во четвртокот, додека цените на нафтаа во истиот период бележат пад.

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо порасна, по остриот пад во претходните денови.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,35 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 104,15 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 150,55 на 151,30 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0855 долари, додека вчера во ова време беше 1,0870 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,89 отсто, на 80,45 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,93 отсто, на 75,95 долари.