Доларот благо зајакна, цената на нафтата порасна

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо порасна во петокот претпладнето, откако со денови беше под притисок и падна на најниските нивоа оваа година.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 101,35 поени, додека вчера во истиот период од тргувањет изнесуваше 101,14 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 145,10 на 145,55 јени.

Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1125 долари, додека вчера во ова време беше 1,1155 долари.

Цените на нафтата, пак, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,13 отсто, на 77,30 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,14 отсто, на 73,10 долари. `