Доларот благо зајакна, нафтата поскапе

На валутните пазари во претпалдневното тргување во средата вредноста на американскиот долар во однос на кошничката на валути благо порасна.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 102,90 поени, додека вчера во истиот период од трговскиот ден изнесуваше 102,79 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 147,60 на 147,40 јени. Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0925 долари, додека вчера во истото време изнесуваше 1,0935 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа по вчерашниот пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,72 отсто, на 82,50 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,76 отсто, на 78,15 долари.