Доларот годинава ослабе за повеќе од 2 а цените на нафтата паднаа за 10 отсто

На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо порасна во претшладневното тргување во петокот и со тоа се оддалечи од најниското ниво во последните пет месеци.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 101,18 поени, додека вчера во истиот период од тргувањее изнесуваше 100,80 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 141,50 на 141,45 јени.

Американската валута, пак, зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1075 долари, додека вчера во ова време беше 1,1115 долари. Сепак, во однос на еврото, доларот годинава ослабе за околу 3 отсто.

Индексот на доларот е на пат за загуба оваа година од околу 2,2 отсто, откако силно порасна во претходните две години, благодарение на агресивното зголемување на каматните стапки на американската централна банка (Federal Reserve – Fed).

Цените на нафтата, пак, во претпладневното тргување денеска пораснаа, по вчерашниот остар пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар зајакна за 0,49 отсто, на 77,55 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,40 отсто, на 72,10 долари.

Во целата оваа година цената на нафтата падна за околу 10 отсто, што е последица на забавувањето на растот на светската економија, а со тоа и слабеењето на побарувачката за „црното злато“.