Доларот и цените на нафтата на пат кон седмични загуби

На валутните пазари во претпладневното тргување во петокот вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути падна, па е на пат да оствари седмична загуба од околу 0,7 отсто.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 101,05 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 101,25 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута падна од вчерашните 143,55 на 143,25 јени.

Американската валута, исто така, ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1110 долари, додека вчера во ова време беше 1,1080 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, стагнираат. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,01 отсто, на 72,70 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,02 отсто, на 69,20 долари.

Цените на „црното злато“ се на пат кон големи седмични загуби бидејќи трговците се загрижени поради забавувањето на растот на најголемите светски економии, што значи дека може да ослаби и побарувачката за нафта.