Доларот на најнискот ниво годинава, цената на нафтата паѓа

На девизните пазар и во средата продолжи притисокот врз американскиот долар во однос на кошницата валути падна на најниско ниво оваа година.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 101,34 поени, додека вчера во исиот период од тргувањето изнесуваше 101,85 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута потона од вчерашните 146,50 на 144,95 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1130 долари, највисоко ниво годинава, додека вчера во овој момент беше 1,1080 долари.

Цените на нафтата, пак, благо паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 0,13 отсто, на 77,10 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,19 отсто, на 73,05 долари.