На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути е стабилна, но курсот на доларот во однос на јапонскиот јен достигна нови највисоки нивоа во речиси 40 години.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 106,15 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 106,13 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 160,65 на 161,25 јени, што е највисоко ниво во последните 38 години. Поради ова се очекува интервенција на јапонските монетарни власти, кои предупредуваат дека нема да толерираат прекумерен пад на курсот на јенот.
Но американската валута благо ослабна во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0695 долари, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 1,0690 долари. Курсот на еврото во однос на јапонската валута достигна ново највисоко ниво во историјата, од 172,38 јени.
Цените на нафтата се зголемија. Цената на барелот на лондонскиот пазар петпладнево поскапе за 0,20 отсто на 85,45 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,30 отсто на 81,95 долари.