
На девизните пазари вредноста на американскиот доларот во однос на кошницата валути во претпладневното тргување во понеделникот дополнително се зголеми, достигнувајќи ново највисоко ниво во повеќе од две години.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, утринава порасна за 0,19 отсто, на 109,86 поени.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна на 157,40 јени, додека во петокот вечерта беше 157,70 јени.
Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0220 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0244 долари.
Цените на нафтата, пак, дополнително се зголемија, откако минатата седмица скокнаа за повеќе од 3,5 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава порасна за 1,81 отсто, на 81,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 1,93 отсто, на 78,05 долари.