Доларот ослабе, благ пад на цените на нафтата

На валутните пазари вредноста на доларот во четвртокот претпладнето во однос на кошницата валути падна втор ден по ред, откако неодамна го достигна највисокото ниво во последните две години.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 106,15 поени, додека вчера во овој период од тргувањето изнесуваше 106,85 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 152,85 на 151,50 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0540 долари, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 1,0495 долари.

Еврото зајакна по вчерашната порака од Европската централна банка (ECB) дека темпото на намалување на каматните стапки може да се намали.

Цените на нафтата, пак, благо паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево ослабе за 0,08 отсто, на 72,75 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,16 отсто, на 68,60 долари.