Доларот ослабе, цената на нафтата падна

На девизните пазари во средата претпладнето вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо падна.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 104,57 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 104,69 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 156,40 на 156,25 јени. Сепак, американската валута стагнира во однос на европската, па цената на еврото се движи околу 1,0860 долари, исто како и вчера во ова време.

Цените на нафтата, пак, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 0,72 отсто, на 82,30 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,80 отсто, на 78,05 долари.