Доларот ослабе, цената на нафтата падна

На девизните пазари во претпладневното тргување во вторникот падна вредноста на американскиот долар во однос на кошницата со валути.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 101,69 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 101,79 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 146,30 на 147,10 јени.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1060 долари, додека вчера во истиот период изнесуваше 1,1055 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево ослабе за 0,31 отсто, на 76,50 долари, додека американскиот пазар е затворен поради празниците.