На девизните пазари во раното претпладневно тргување во петокот падна вредноста на американскиот долар во однос на кошницата со валути.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 104,55 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 105,06 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 154,50 на 153,15 јени.
Американската валута, исто така, ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0795 долари, додека вчера во истиот пресек од трговскиот ден изнесуваше 1,0735 долари.
Цените на нафтата, пак, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 0,44 отсто, на 75,30 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,57 отсто, на 71,95 долари.