На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути трет ден по ред благо падна.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 105,23 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 105,29 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 157,85 на 158,10 јени. Но американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0745 долари, додека ден претходно во истиот период беше 1,0740 долари.
Цените на нафтата, пак, се стабилни. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,03 отсто, на 85,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,27 отсто, на 81,35 долари.