Доларот ослабе, цената на нафтата стагнира

На валутните пазари во претпладневното тргување во понеделникот вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути дополнително падна, откако минатата седмица се лизна за 0,1 отсто.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 101,02 поени, додека во петокот на затворањето на тргувањето изнесуваше 101,11 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се движи околу 140,85 јени, колку што беше во петокот кога пазарот беше затворен.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1085 долари, додека во петокот вечерта беше 1,1075 долари.

Цените на нафтата, пак, стагнираат, по благиот пораст минатата седмица. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево ослабе за 0,11 отсто, на 71,55 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,04 отсто, на 68,65 долари.