Доларот ослабе, цените на нафтата паднаа

На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо падна втор ден по ред.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнето во средата се движи околу 103,82 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 103,99 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 145,60 на 145,40 јени. Американската валута, исто така, ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0795 долари, додека вчера во истиот период беше 1,0770 долари.

Цените на нафтата, пак, паднаа втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 0,10 отсто, на 73,15 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,07 отсто, на 68,60 долари.