На девизните пазари во тргуваањето во вторникот претпладнето падна вредноста на доларот во однос на кошничката валути. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 104,13 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 104,25 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 151,70 на 151,87 јени. Бидејќи доларот се движи околу највисоките нивоа во последните 34 години, јапонските власти сигнализираат дека може да интервенираат на пазарот.
И додека зајакна во однос на јенот, американската валута ослабна во однос на европската, па цената на еврото се движи околу 1,0860 долари, додека вчера во овој момент од тргувањето изнесуваше 1,0825 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,24 отсто, на 90,60 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,20 отсто, на 86,60 долари Доларот ослабе, цената на нафтата порасна.