Доларот ослабе, цените на нафтата растат

Вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути падна на најниско ниво во повеќе од два месеца, а ценитена нафтата закрепнуваат по минатонеделниот пад.

На на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути во понеделникот во раното претпладневно тргувањње падна на најниско ниво од почетокот на септември. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 103,65 поени, додека во петокот вечерта на затворањето на тргувањето изнесуваше 103,80 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута падна за 0,4 отсто, на 149,10 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото порасна за 0,2 отсто, на 1,0925 долари, највисоко ниво за повеќе од два месеца.

Цените на нафтата, пак, пораснаа по минатонеделниот пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,83 отсто, на 81,25 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,74 отсто, на 76,45 долари.