Доларот ослабе, цените на нафтата стагнираат

На девизните пазар во вторникот во претпладневното тргување вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо падна.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 104,29 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 104,32 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 157,35 на 156,80 јени. Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0890 долари, додека вчера во истото време беше 1,0895 долари.

Цените на нафтата, пак, стагнираат по вчерашниот пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,06 отсто, на 82,45 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,01 отсто, на 78,40 долари.