Доларот ослабе, цените на нафтата во благ пад

На валутните пазари во вторникот претпладнето се тргува без поголеми осцилации, при што вредноста на доларот падна во одос на кошницата валути, додека цените на нафтите благо паднаа.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладневот се лизна на 106,20 поени, додека во понеделникот во истиот период од тргување изнесуваше 106,52 поени.

Притоа, курсот на доларот кон јапонскаа валута порасна од вчерашните 149,40 на 149,60 јени.

Меѓутоа, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0555 долари, додека вчера во ова време од денот изнесуваше 1,0525 долари.

Цените на нафтата, пак, благо паднаа втор ден со ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар во претпладневното тргување се лизна за 0,02 тосто, на 89,65 долари, додека на абенриканскиот пазар барелот поевтирни за 0,22 отсто, на 86,45 долари.