Доларот ослабе, цените на нафтата во пад

На девизните пазари во раното претпладевно тргување во понеделникот падна вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 102,20 поени, додека во петокот навечер пред затворањето на тргувањето изнесуваше 102,40 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута падна од 147,60 на 146,40 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1040 долари, што е блиску до највисокото ниво годинава, додека во петокот вечерта чинеше 1,1027 долари.

Цените на нафтата, пак, благо паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,14 отсто, на 79,55 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,30 отсто, на 76,40 долари.