Доларот ослабе, цените на нафтата во пад

На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути благо во средата во раното претпладнево тргување падна по коментарите на челникот на американската централна банка, Џером Пауел кој пред Конресот изјави дека нема потреба да се брза со намалување на каматните стапки.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 108,05 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 108,35 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 151,70 на 153,55 јени.

Сепак, американската валута ослабна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0360 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0300 долари.

Цените на нафтата загубија дел од вчерашните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово падна за 0,42 отсто, на 76,70 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,48 отсто, на 72,95 долари.