Доларот ослабе, цените на нафтата закрепнуваат по остриот пад

На девизните пазари во четвртокот во претпладневното тргување падна вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 101,25 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 101,63 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута падна од вчерашните 145,30 на 143,55 јени.

Американската валута, исто така, ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1080 долари, додека вчера истиот пресек беше 1,1055 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа по вчерашниот остар пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,30 отсто, на 72,90 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,30 отсто, на 69,40 долари.