На девизните пазари во четвртокот во претпладневното тргување падна вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 104,95 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 105,15 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 161,50 на 161,55 јени. Меѓутоа, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0835 долари, додека вчера во истиот период изнесуваше 1,0815 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,79 отсто, на 85,75 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 0,78 отсто, на 82,75 долари.