Доларот ослабе, по остриот пад цената на нафтата стагнира

На девизните пазари во претпладневното тргување во вторникот падна вредноста на доларот во однос на кошницата со валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 104,28 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 104,55 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 153,80 на 153,10 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0815 долари, додека вчера во истиот период изнесуваше 1,0790 долари.

Цените на нафтата, пак, продолжија да се намалуваат откако вчера потонаа за повеќе од 5 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпланево ослабе за 0,13 отсто, на 71,35 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,15 отсто, на 67,28 долари.