Американскиот долар ослабе во средата во однос на најважните светски валути на меѓународните пазари, додека вложувачиите го очекуваат утрешниот извештај за инфлацијата во САД поради новите насоки во врска со динамиката на заострување на монетарната политика на американската централна банка Federal Reserve (Fed).
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската кон другите шест најважни валути во светот, околу пладнето се движеше околу 95,419 бодови, намалувајќи се за 0,23 отсто во однос на затворањето на пазарот ден претходно.
Курсот на еврото притоа зајакна за 0,18 отсто, на 1,1435 долари. Со тоа се движи околку највиско ниво од средината на јануари, од 1,1483 долари, која накусот ја достигна кон крајот на минатата седмица, откако доновиве беше притиснато од попретпазливите изјави на претседателката на Европската централна банка (ECB), Кристин Лагард, со коишто ги стивна очекувањата за евентуално поагресивно зголемување на каматните стапки.
И британската фунта зајакна во однос на доларот, и тоа за 0,28 отсто во однос на затворањето на пазарите ден претходно, на 1,3579 ндолари. Доларот истовремен ослабе и во однос на јапонскиот јен, за 0,11 отсто на 115,41 јени.
Минатонеделните изјави од ECB и Fed поврзани со заострувањето на монетарната политика ги изненадија вложувачите и поттикнаа скок на приносите на американските и државните обврзници во еврозната поради растот на очекувањата на пазарите дека каматните стапки би можело да растат побрзо и поизразено отколку што претходно се мислеше.
Меѓутоа, Лагард во понеделникот изјави дека нема потреба од големи заострувања на монетарната политика во еврозоната, настојувајќи да ги заузди растечките очекувања агресивни потези откако мината седмица првпат сигнализираше дека постои можност каматните стапки да бидат подигнати до крајот на годината.
Кога станува збор за растот на каматните стапки во САД, пазарите сега сметаат со веројатност поголема од 70 отсто дека Fed ќе ги подигне каматните стапки на седница во март за 0,25 процентни бодови, а со веројатноста од речиси 30 отсто дека ќе ги зголеми дури за 0,5 процентни поени.
„Утрешното објавување на индексите на потрошувачките цени во САД ќе помогне да се одреди дали Fed во март ќе започне со зголемувањето на каматните стапки за четврт или за половина процентен поен“, напишаа валутните аналитичари на банката ING во белешката за клиентите.
Економистите во анкетата на Reuters предвидуваат дека американските податоци во четвртокот ќе покажат дека потрошувачките цени во јануари пораснале за 7,3 отсто во однос на истиот месец минатата 2021 година.
На пазарот на обврзниците по бранот продажби следеше благо здивнување. Така приносите на референтните 10-годишни американски обврзници се лизнаа на 1,92 отсто, спуштајќи се од највисоките нивоа од крајот на 2019 година, кои накратко ги достигнаа во вторникот. Благо се намалија и приносите на 10-годишните германски обврзници, на 0,227 отсто.