![nafta dolar](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/nafta-dolar.jpg?resize=696%2C426&ssl=1)
На валутните пазари вредноста на доларот во вторникот во претпладневното тргување однос на кошничката валути благо падна, додека цените на нафтата се во раст.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, во претпладневното тргување се движи околу 105,70 поени, додека вчера во истиот период од тргувањет изнесуваше 105,80 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 151,55 на 151,70 јени, блиску до највисокото ниво во една година.
Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0695 долари, додека вчера во овој момент таа изнесуваше 1,0690 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,21 отсто, на 82,70 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,20 отсто, на 78,40 долари.