Доларот ослабе, раст на цените на нафтата

На валутните пазари вредноста на американскиот долар во средата во претпладневното тргување благо ослабе во однос на кошничката валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 104,14 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 104,38 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 148,60 на 147,85 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0760 долари, додека вчера во истиот период од денот беше 1,0750 долари.

Цените на нафтата, пак, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,05 отсто, на 78,65 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,12 отсто, на 73,40 долари.