Доларот ослабе втор ден по ред, цените на нафтата паднаа за околу 13 отсто на неделно ниво

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути во петокот падна втор ден по ред, додека цените на нафтата благо пораснаа по двата дена остар пад.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, во петокот во претпладневното тргување се движи околу 106,37 поени, додека ден претходно во истиот период од тргувањето изнесуваше 106,55 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута благо зајакна од вчерашните 148,45 на 148,50 јени.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0545 долари, додека вчера во истиот период од денот изнесуваше 1,0525 долари.

Цените на нафтата, пак, благо пораснаа, по двата дена остро намалување.

Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,18 отсто, на 84,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,24 отсто, на 82,50 долари.

Откако минатата седмица ги достигна највисоките нивоа во последните 11 месеци, цените на нафтата паднаа за околу 13 долари или околу 13 отсто.