Курсот на јапонската валута во однос на американската во четвртокот го обнови најниското ниво во последните 32 години, пробивајќи го психолошкиот важниот плафон од 150 јени за долар, според податоците за трговијата со валутите на Токиската бераза.
Последен пат вакво слабеење на јенот во однос на доларот е забележано во август 1990 година. Во раното попладневно тргување по локално време околу 17 часот, односно 9 часот по македонско време, курсот на јапонската во однос на американската падна под нивото од 150 јени за долар. Во натамошното тргување, вредноста благо се коригираше и се движи околу 149,95 јени за долар.
Од почетокот на годинава, јапонската валута ослабе во однос на американскиот долар за 30 отсто.
Рекордниот пад на јенот трае веќе неколку месеци поради зголемениот јаз меѓи каматните стапки на западните централни банки поради зауздување на инфлацијата, и Јапонија каде што монетарниот регулатор го одржува практично негативното ниво за да го стимулира пазарот.
И покрај критиките дека лабавата монетарна политика води кон послаб јен и повисоки цени, гувернерот на Централната банка на Јапонија (BoJ) повеќепати изјави дека има намера да го продолжи курсот насочен кој постигнување на стабилна инфлација од 2 отсто. Притоа, веќе пет последователни месеци базичната инфлација ја надминува целта на регулаторот. На крајот од септември уште еднаш беше одлучено краткорочната каматна стапка да се задржи на нивото од 0,1 процентен поен.
Кон крајот на септември Јапонија првпат по 1998 година презеде валутна интервенција за стабилизирањето на националната валута, но тоа само доведе до краткорочно зајакнување до нивото од 145 на 140 јени за долар. Но потоа слабењето на јенот продолќи повторно со брзо темпо.