![jen dolar](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/jen-dolar.jpg?resize=650%2C344&ssl=1)
На седницата на американската централна банка во јули Federal Reserve (Fed) ги зголеми каматните стапки за 0,25 процентни поени, откако во јуни не ги зголеми.
Економистите во ING сметаат дека Fed во септември ќе ги остави каматните стапки без промени, но оставаат и простор за нивно натамошно подигнување во ноември и декември.
Таквите очекувања го подигнаа приносот по американските десетгодишни државни обврзници на 4,288 отсто, највисоките од 21-ви октомври минатата година, а на повидок е и принос од 4,338 отсто, највисокиот во последните 16 години.
Растечките приноси влијаеја на растот не само на побарувачката на обврзниците на штета на акциите, туку и на растот на курсот на американскиот долар. Така, индексот на доларот, кој ја мери изведбата на американската во однос на шесте други најважни светски валути го достигна најголемото ниво во последните два месеца на 103,58 поени.
Притоа, курсот на јапонскиот јен дополнително ослабе на 0,07 отсто во однос на доларот, на 146,42 јени за долар, новото најниско ниво во последните девет месеци, а за толку ослабе и курсот на еврото во однос на доларот, на 1,08695 долари.
Податоците објавени во средата покажале дека градењето на семејните куќи во САД пораснала во јули и дека се зголемиле дозволите за идното градење, додека засебен извештај појажа и дека производството во американските фабрики неочекувано закрепнало минатиот месец.
„Ги имаме САД кои и натаму остануваат навистина отпорни под товарот на високите камати. Иако инфлацијата значително се намалила, сѐ уште е далеку од 2 отсто што е цел на Fed, така што мислам дека Fed ќе ја одржува монетарната политика на рестриктивно ниво за да ја победи таа последната милја против инфлацијата“, смета Керол Конг, од Commonwealth Bank of Australia (CBA).
Тоа претставува проблем за јенот, кој се мачи со растечките разлики во каматните стапки откако Fed започна да го заострува циклусот минатата година, додека јапонската централна банка Bank of Japan (BoJ) продолжува да ги одразува ниските каматни стапки во Јапонија.
Јапонската валута е под надзор откако во петокот го допре клучното ниво од 145 јени за долар, првпат во последните девет месеци, што е ниво кое предизвика интервенција на јапонските монетарни власти во септември и октомври минатата година.
„Остриот раст на курсот на доларот кон јенот дефинитивно го зголеми ризикот дека јапонските власти ќе мораат повторно да зачекорат на девизниот пазар за да го поддржат јенот“, вели Конг.