На валутните пазари во средата во претпладневното трггување вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути падна трет ден по ред.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 102,20 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 102,50 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 143,75 на 143,70 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0970 долари, додека вчера истиот дневен пресек беше 1,0920 долари.
Цените на нафтата, пак, стагнираат по двата дена раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево ослабе за 0,04 отсто, на 79,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,07 отсто, на 73,95 долари.