Доларот слабее трет ден со ред, нафтата благо поскапе

На валутните пазари во четвртокот во раното претпладневно тргување вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути благо опаѓа трет ден по ред.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 109,02 поени, додека вчера во иститот пресек изнесуваше 109,23 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 157,30 на 156,05 јени.

Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0285 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0295 долари.

Цените на нафтата благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово порасна за 0,04 отсто, на 82,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,10 отсто, на 80,10 долари.